Социјалната фотомрежа “Инстаграм” (Instagram) го започна воведувањето на новиот распоред на фидот за сите корисници.
Како што беше најавено во март, приливот на слики и видеа во главната страница веќе нема да го одразува редоследот на нивното објавување на социјалната мрежа од страна на сите корисници.
На врвот ќе бидат овие слики, за кои се претпоставува дека најмногу нè интересираат. Моделот е познат од социјалната мрежа “Фејсбук”, која е и сопственик на “Инстаграм”. По објавувањето на промените беше најавено дека тие нема да влезат во сила веднаш, туку најнапред ќе бидат испробани од пробна група корисници.
Тестовите покажале дека избраните луѓе одговориле позитивно на иновација и биле активни во мрежата – им се допаѓаат и се коментирааат повеќе слики, гласи краток блог пост на “Инстаграм”. Во соопштението се додава дека по успешниот почетен прием компанијата постепено ќе ја воведе новата низа за сите корисници. Заедно со тоа новата функционалност ќе продолжува да биде подобрувана.