Интегрални колачиња со чоколадо

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Состојки:

– 150 гр овесни снегулки

– 220 гр интегрално брашно

– 150 гр путер

– 100 гр шеќер

– 200 гр чоколадо за готвење

– 1 јајце

– 50 гр суво грозје

– 50 гр печени сечкани лешници

– 1 лажица екстракт од ванила

– 1 лажица цимет

– 1/2 кесичка прашок за пециво

– 1 лимон

– прстофат сол

Подготовка:

Измешајте ги сувите состојки: брашно, овесни снегулки, прашок за пециво, сол и цимет. Се матат путерот со шеќерот додека смесата не стане пенеста, се додава екстрактот од ванила и јајцето, па се меша уште малку, на крај се додава кората од лимон и сокот.

Соединете ја смесата, измешајте ја со лажица.

Подгответе ја чоколадата, исечете ја на коцки. Не ја топете и не ја рендајте ситно, за време на печењето парчињата чоколада убаво ќе омекнат, а подоцна повторно ќе се стврднат кога ќе се изладат колачињата.

На крај додадете ги чоколадните коцки, сувото грозје и лешниците.

Смесата е тврда и може убаво да се обликува со раце. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, па секое топче израмнете го.

Печете ги колачињата во загреана рерна на 150 степени околу 15 минути, внимавајте да не се препечат бидејќи лесно горат. Тие треба да имаат златна боја.

Слични содржини