Intel навести дека следната генерација на системи за „копање“ биткоин може да се испорача со налепници „Intel Inside“.
Компанијата најави дека планира на претстојната конференција да дискутира за „Bonanza Mine“ чипот за ископување биткоин.
Bonanza Mine е опишан како ефикасен, евтин ASIC за ископување биткоин, според податоците од документацијата потпишана од тројца службеници на Intel.
Засега, програмата не покажува дали Intel навистина планира да го испорача Bonanza Mine како готов производ или само како истражувачки проект.
Intel претходно објави планови за блокчејн, како и дека нема да вклучуваат стандардни процесори или графички картички. Ова не е изненадување, имајќи предвид дека рударството на биткоин одамна се префрли на ASIC.
Intel не објави информации за хаш стапката, моќноста или дали ASIC ќе биде оптимизиран само за биткоин.