Интер има нов сопственик

од Milan1
521 прегледи

Новиот шампион на Италија, фудбалскиот клуб Интер доби нови сопственици. Американскиот инвестициски фонд „Oaktree Capital Management L.P.“, го презеде клубот. Претходниот сопственик кинската компанија „Suning Group“, замина откако не на американците не им го врати заемот од 368.000.000 евра.

Станува збор за директен заем кој беше планиран за санирање на загубите предизвикани од пандемијата на корона вирусот, со рок на отплата од три години.

Кога го потпишувале договорот за позајмица, двете страни се согласиле дека доколку парите не се вратат до наведениот рок, американскиот фонд да преземе најголем дел од акциите од кинеската компанија што на крајот и се случи.

Слични содржини