Интересен феномен: Во Германија се зголемува бројот на регистрирани Трабант и Вартбург автомобили

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Ниту една автомобилска марка не го претставува неуспешниот комунистички проект подобро од Трабант и Вартбург. Во првиот судир со западните производи, во раните 1990-ти, индустриите на поранешна ГДР се покажаа како инфериорни и исчезнаа од пазарот. Автомобилите и марките кои се чекаа со години, бидејќи производството не одговараше на побарувачката, одеднаш станаа старо железо или пластика во случајот со Трабантот.

Меѓутоа, сега во Германија се појавува неверојатен тренд – се зголемува бројот на регистрирани Трабант и Вартбург автомобили, иако тие не се во производство веќе триесет години. Во Германија се регистрирани дури 39.342 трабанати – речиси 5.000 повеќе од 2010 година, пишува Spiegel.de.

Во моментов има 8.726 регистрирани вартбург,, илјада повеќе од пред дванаесет години, според „ХАК“. Повеќето регистрации се во источните провинции на земјата, како што и се очекуваше!

Што е поентата? Во некаква законска дупка. Овие автомобили, откако ќе наполнат 30 години, можат да добијат винтиџ регистрација, со што се намалуваат даноците.

Исто така, со Трабант можете да влезете во центарот на многу градови (пристапот до возила што испуштаат поголем CO2 е забранет) бидејќи неговиот двотактен мотор испушта само 99 g/km CO2, што не го намалува фактот дека испушта огромно количество од бензен, кој е опасен по здравјето. Но, бензенот сè уште никој не го регулирал бидејќи тоа одамна не е проблем во автомобилската индустрија. Уште од времето на Трабантот…

Слични содржини