„ИНТЕРЕСНА ИДЕЈА, НО …“: Кремљ одговори на повикот на Илон Маск до Путин

од Nikola Popovski
326 прегледи

Кремљ денес објави дека предлогот на Илон Маск до рускиот претседател Владимир Путин да се приклучи на апликацијата „Клабхаус“ е интересен, но дека се потребни повеќе детали.

Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откако Маск преку Твитер испрати порака до Кремљ: „Дали сакате да ми се придружите за разговор во „Клабхаус“?

„Прво треба да разјасниме. Знаете дека претседателот Путин не ги користи социјалните мрежи директно, ги нема лично. Затоа, генерално, ова е секако многу интересен предлог, но мора некако да разбереме што се подразбира, што е предложено, така што прво ќе го провериме сето тоа некако, а потоа ќе реагираме“, изјави Песков пред новинарите.

„Клабхаус “ е аудио-чет апликација на социјално вмрежување која прифаќа нови членови само со покана, а беше лансирана во 2020 година.

Апликацијата е лансирана од софтверската компанија „Алфа експлорејшн“.