Што е првото нешто што ќе го забележите кога ќе ја погледнете оваа оптичка илузија? Одговорот може да ви помогне да откриете која страна од вашиот мозок е подоминантна и дали сте креативни или размислувате логично, пишува The Sun.
Оптичката илузија ја сподели Bright Side на нивниот канал на YouTube.
„Можеби сте запознаени со еден вид оптичка илузија која крие неколку слики во една“, објаснува Bright Side во своето видео. „Но, дали знаевте дека првото нешто што ќе го видите на таква слика може да каже многу за вашата личност? Можеби ќе видите едно на сликата, а некој друг ќе се обиде да ве убеди дека тоа е нешто друго. И токму затоа оптичките илузии можат да бидат како тест на личноста“.
Ако прво сте виделе верверица, тоа значи дека левата страна на вашиот мозок е подоминантна. Левата страна на мозокот е одговорна за логично и аналитичко размислување, како и за математички вештини. Вешти сте во решавање на алгебарски прашања, пишување критички есеи и спроведување научни експерименти.
Ако прво сте виделе патка, доминантна е десната страна на вашиот мозок. Ова значи дека сте навистина добри во се што е поврзано со уметност и креативност. Сакате да размислувате надвор од рамката и да ги правите работите на свој начин. Сакате уметност, музика и често мечтаете за разни работи.