Австралија, иако е многу далеку од Македонија, вреди да биде видена.
Тоа е земја на контрасти – огромните и луксузни градови се наоѓаат во близина на напуштените чисти плажи, чисти езера и дивината .
Во Австралија може да уживате и во мегаполиси, така и да се препуштите на авантуристичка турнеја меѓу природните нејзините убавини. Но, пред тоа, еве што треба да знаете за далечната страна:
1. Главниот град на Австралија е Канбера и нејзиното население е малку над 350 000 луѓе. Бидејќи едни од најголемите градови во државата, Сиднеј и Мелбурн , не можеле да се договорат кој од нив треба да биде главен град, изборот паднал врз значително помалата Канбера. Таа се наоѓа речиси на полпат меѓу Сиднеј и Мелбурн.
2. Највисокиот врв во Австралија е Косцјошко (2228 метри).
3. Најголемото пасиште / ранч во светот се наоѓа во земјата. Тоа има површина колку цела Белгија.
4. Големиот корален гребен е најдолгиот корален гребен во светот . Ако некогаш го видите во живо, ќе бидете пријатно изненадени кога ќе видите дека таму има поштенско сандаче. На овој начин илјади туристи праќаат писма или разгледници од ова прекрасно место.
5. Операта во Сиднеј е една од најголемите атракции на Австралија. Таа се смета и заедна од најубавите згради на 20-тиот век . Изградена е во 1960 година и има одлична акустика . Во Операта има околу 1.000 простории, а покривот ѝ тежи повеќе од 161 000 тони.
6. Сиднеј Харбор Бриџ е најголемиот челичен мост во форма на лак во светот . Телевизиската кула во Сиднеј , пак, е највисоката зграда во јужната хемисфера .
7. Утврдено е дека најчистиот воздух во светот е во Тасманија – една од државите во австралискиот континент. Плажата Hyams пак е запишана во Гинисовата книга со рекорди како таква со најбел песок во светот .
8. Езерото Ејер е најсувото езеро во светот , а во поголемиот дел од годината во него нема никаква вода. Ејер е покриено со кора од сол, која може да достигне дебелина повеќе од 4 метри.
9. Најголемиот песочен остров во светот исто така се наоѓа во Австралија. Се вика Фрејзер и неговата должина е 120 километри.
10. Во околината на Перт се наоѓа најстарата карпа на Земјата – Вејв Рок . Таа датира од пред милиони години, а составот ѝ е речиси целосно од гранит.
11. Повеќето австралиски градови се наоѓаат во близина на океанот или на плажа. Плажите пак се среќаваат на секои 1000 метри.







