Бразил се фали со својата егзотична природа, прекрасните плажи, весели луѓе, древни индијански традиции и колоритна колонијална архитектура. Ова е една од најразвиените земји на континентот, па затоа привлекува милиони туристи од целиот свет.
Познатата амазонски џунгла и водопадите Игуасу се само дел од местата кои делуваат како магнет за авантуристите. Во првиот дел со интересни факти за Бразил веќе ве запознавме со некои од нив, време е за уште:
11. Бумот во економијата на Бразил значи дека земјата го зазема едно од првите места во светот по бројот на милијардери.Парадоксално, големите градови пак се опколени од т.н. фавели – гета, кои дури и полицијата се плаши да ги посетува.
12. Омилено место за рекреација на жителите на Рио е Лагуна Родриго де Фреитас, чија површина е 7,5 метри километри. Таа се наоѓа во јужниот дел на градот, меѓу Ипанема и Ботаничка градина.
13. Лагуна Родриго де Фреитас е идеално место за активен одмор, бидејќи таму има велосипедски патеки, патеки за прошетка, чамци, паркови, игралишта, кафулиња, барови и ресторани. Влегувањето во водата не се препорачува, бидејќи таа не е особено чиста.
14. Најдоброто и најпознатото вкусно кафе во светот се произведува во Бразил. Изненадувачки, повеќето Бразилци пијат не кафе, туку какао.
15. Жителите на Бразил сити се навикнати да се усогласуваат со времето, најмногу со дождовите. Кратки тропски бури се случуваат по неколку пати на ден и речиси секогаш во ист час.
16. Карневалот во Бразил е настан кој милиони луѓе ширум светот сонуваат да го посетат. Затоа секоја година во времето кога се спроведува тој, се собираат илјадници туристи од целиот свет.
17. Бразилската кујна е мешавина од три други – индиска, португалска и африканска. Во бразилските јадења ја има и својствената комплексност и софистицираност на португалските и француските кулинарски традиции. Од кујната на Индијците пак е наследено користењето на многу зачини. Бразилската кујна се смета за една од најоригиналните во цела Јужна Америка.
18. Најголемото езеро во Бразил и второ по големина во Латинска Америка е Lagoa Dos Patos, кое се наоѓа во јужниот дел на земјата. Името на езерото доаѓа од името на племето, кое живеело околу него до европската инвазија на континентот.
19. Тропските шуми на Амазон се исклучително интересен феномен. Поголемиот дел од нив се наоѓаат во Бразил (60%), што ја прави земјата дом на најчудните диви животни на планетата. Според научниците никаде на друго место во светот не се среќаваат толку многу различни видови на животни и растенија (околу четири милиони).
20. Во текот на летото на 1987 година во бразилската држава Параиба, во близина на селото Сао Жозе де Бата, е пронајден редок дијамант Парајба турмалин. Во 1990 година неговата вредност се крева до 2000 долари за карат.
