Чиле е земја која цвета, а криминалот и корупцијата таму се со многу ниски нивоа.
Просечниот животен век е над 75 години, што само по себе зборува за животот во земјата.
Сантијаго (главен град на Чиле), пак, беше прогласена за најбезбедната престолнина во цела Латинска Америка .
Што уште не знаете за оваа јужноамериканска земја, проверете во првиот дел со интересни факти (ако сè уште не сте го направиле тоа), а потоа да се ориентирате кон следните редови:
12. Велигденските острови се најдалечното место во светот . Најблиската локација до него се наоѓа на 2.500 километри оддалеченост.
13. Чиле е една од ретките земји во светот, кои нудат патувања до Антарктикот и Велигденскиот Остров .
14. Чиле е една од ретките земји во светот во која нема отровни змии .
15. Нивоата на криминал и корупција во Чиле се најниските во цела Латинска Америка .
16. Најголемиот вештачки базен во светот се наоѓа во чилеанското одморалиште Сан Алфонсо дел Мар . Должината му е 1 километар, а неговата длабочина (во најдлабоката точка) – 35 метри. Таа се наоѓа само 200 метри од Тихиот Океан, чии води всушност се влеваат во базенот по претходно филтрирање. Во базенот има константна температура на водата од 26 степени, додека океанската вода е доста ладна.
17. Имињата на Чилеанци, кои се маж и жена, се различни . Ако случајно тие се совпаѓаат, првата асоцијација е дека двајцата се брат и сестра.
18. Островот на Робинзон Крусо навистина постои. Тој е дел од архипелагот Хуан Фернандез и припаѓа на Чиле. Всушност романот на Даниел Дефо е базиран врз историјата на шкотскиот морнар Александар Селкирк, кој живеел сам на островот во текот на 4 години и 4 месеци.
19. Во Чиле земјотресите не се преседан. Последниот голем земјотрес се случил само пред околу еден месец. Магнитудата беше 8,2 степени по Рихтер. Во 2010 година земјата беше лулана од уште силен земјотрес (8,8), поради што загинаа 524 лица.
20. Жителите на градот Антофагаста пијат најмногу Coca-Cola по глава на жител во светот . Ова се должи на фактот дека во градот и окрузите нема речиси никаква вода за пиење .
21. Чилеанци се сметаат себеси за жители на “Земјата на поетите” . Некои претставници на постарата генерација дури се навредуваат, ако човек не знае кои се Пабло Неруда, Габриела Мистрал, Никанор Пара и други познати автори. Чилеанската поетеса Габриела Мистрал , позната под псевдонимот Луција Годо Алкага, дури е прикажана на банкнотата од 5.000 пезоси . Таа е првата Латино жена, наградена со Нобелова награда за литература .
22. Во Чиле има мини, од кои се добива тиркиз .
Посетете ја галеријата и погледнете аматерски фотографии од Чиле.






