Индија е земја на контрасти. Ако некогаш одите таму, може да бидете потресени од сиромаштијата и погледот што ќе го имате. Од друга страна историјата на Индија е толку богата што таа сама по себе ја прави исклучително фасцинантна земја.
Античка Индија ги постави основите на некои од современите науки, без кои тешко може да се замисли развојот на нашето општество.
За да добиете подобра идеја за оваа земја, прочитајте некои интересни факти за неа:
1. Индија не влегла на територијата на ниту една друга држава.
2. Пред 5000 години, кога поголемиот дел од населението во светот биле номади, Индијци ја создаваат цивилизацијата Харапа. Таа се позиционирала на територијата на денешна западна Индија.
3. Името на земјата “Индија” е изведено од реката Инд, околу која се наоѓале најраните населби. Древните Индијци ја нарекувале реката Инд “Шиндо”.
4. Во Индија има многу знаменитости , кои се во листата на Светското наследство на УНЕСКО . Меѓу овие споменици се пештерските храмови на Аџанта, пештерските храмови на Елора, Таџ Махал, многу убави цркви во Гоа и други.
5. Индија е родното место на шахот .
6. Алгебрата и геометријата , исто така имаат индиско потекло. Децималната нотација исто е измислена во Индија уште 100 години пред Христа.
7. Првиот огромен дворец во светот бил изграден во Индија. Тоа е храмот Брихадешвара во Танџавур. Тој бил изграден само за 5 години и беше завршен во 1010 година.
8. Индија го зазема второто место по население во светот по Кина, но разликата помеѓу двете земји е минимална. На површина државата го зазема седмото место .
9. Индиската филмска индустрија се смета за најголема во светот. Боливуд е синоним на филмската индустрија во Мумбаи и годишно произведува околу 800 филма. Боливудските продукции се шират во многу земји со исклучок на Пакистан, каде Владата воведува забрана на индиските филмови.
10. Поштенските услуги во Индија се повеќе на број, од која и да е друга земја во светот.
11. Најголемиот работодавец во Индија се железниците . Таму работат околу 1 милион луѓе.
12. Првиот универзитет во светот е создаден во Индија.
13. Друг универзитет – Наланда , кој бил изграден во 6 век, е едно од најзначајните достигнувања на Античка Индија во областа на образованието.
Посетете ја галеријата и погледнете фотографии од интригантната Индија.
