Во првиот дел со интересни факти за Индија ви раскажавме за некои од богатствата на земјата. Време е за “втората порција” интересни факти за оваа далечна, но на свој начин егзотична земја. Еве ги и нив:
14. Ајурведата е првото “училиште” по медицина во историјата на човештвото. Таа се појавува пред околу 2500 години во Индија.
15. Во индиската кујна традиционално се користи голема разновидност на билки и зачини. Секоја област на земјата може да се пофали со своја уникатна технологија и уникатни методи за готвење. Главната храна се оризот и чапатите (индискиот леб).Јадењата се многу зачинети.
16. Индија била една од најбогатите земји во светот до британската колонизација во почетокот на 17 век. Колумбо се надевал дека ќе го најде морскиот пат до Индија, токму заради нејзиното неописливо богатство.
17. Уметноста на морепловството и навигацијата како наука се формирала во долината Синд пред околу 6000 години од древната индиска цивилизација. Зборот “навигација” има корени од древниот јазик кој се зборува во Индија.
18. Традиционалната женска облека во Индија е сари – долго парче ткаенина, завиткано околу телото. Стилот на индиските Сари варира во зависност од регионот на земјата.
19. До 1896 година Индија била монопол во производството на дијаманти .
20. Мостот Бејли во Индија е мостот, изграден на најголема надморска височина во целиот свет. Тој се наоѓа воХималаите и е завршен во 1982 година.
21. За анестезијата знаеле уште лекарите во древна Индија. Во списи од тоа време се наоѓаат потврди за познавање на древните цивилизации поврзани со анатомијата, варењето, метаболизмот, физиологијата и имунолошкиот систем.
22. Индија извезува софтверски програми во повеќе од 90 земји.
23. Во земјата има рудници за некои од најпознатите скапоцени камења како на пример: дијамант, смарагд, рубин, сафир, аметист, аквамарин, опал, бисери, топаз и многу други.
24. Хиндуизмот е главната религија во Индија, а по неа е рангиран исламот. Во Индија има околу 300 милиони активни џамии – повеќе отколку во која било друга земја.
25. Пред повеќе од 5000 години во Индија се раѓа јогата .
Погледнете ја галеријата и видете аматерски снимки на туристи кои ја посетиле многуликата Индија.
