Веќе ви раскажавме дел од интересните факти за Земјата на изгрејсонцето .
Јапонија сигурно е привлечна дестинација и човек не смее да пропушта да ја посети, ако ја има таа можност.
Ако првиот дел со факти за Јапонија ве заинтригира, време е за втората доза интересни информации. Уживајте:
12. Повеќето јапонски карактери се состојат од меѓу 2 до 4 слогови , но има и некои исклучоци.
На пример ” 砉 “се чита како” hanetokavatogahanareruoto “и има 13 слогови ! На овој начин се опишува звукот кој се слуша при одделувањето на месото од коските .
13. Во северните градови на Јапонија, каде што врне снег во зима , има загреани тротоари и улици . Таму не се формира мраз и не е потребно чистење на снегот.
14. Во Јапонија постојат едни од најлибералните закони за тутунскиот чад. Пушењето е дозволено насекаде , освен во аеродромите и железнички станици.
15. Вториот по големина остров во Јапонија – Хокаидо (“патот кон северните мориња”) се смета за најголем ретко населен и “зелен” остров на архипелагот. Врз околу 10% од површината на островот се наоѓаат повеќе од 20 национални паркови.
16. Повеќе од половина од железниците во Јапонија се приватни . Приватните превозници се одговорни за 68% од железничките линии во земјата.
17. Во Јапонија има многу национални паркови . Некои од најпознатите се: Daisetsuzan, Bandai-Asahi, Nikko, Kirishima со водопадот Senrigataki, Seto-Naikan, Sikotsu-Toya, Chichibu-Tama и Fuji-Hakone-Izu.
18. Јапонскиот јазик има неколку нивоа на учтивост : разговорен, почитуван, учтива и многу учтив. Жените речиси секогаш зборуваат во почитувана форма , додека мажите преферираат да зборуваат во разговорна форма .
19. Уставот на Јапонија `и забранува на земјата да има армија и да учествува во војни.
20. Карактеристично за јапонската кујна е дека луѓето се хранат со стапчиња за јадење , кои се нарекуваат ” хашиш “. Јапонците консумираат главно месо, риба и зеленчук .
Оризот е исто така една од главните храна во земјата, а тој се служи речиси при секој оброк.
Супата Мишо пак е омилено јадење за секое време од денот. Таа може да се консумира за појадок, ручек или вечера. Главната состојка на супата е пире од соја, растворена во супа од алги.
Традиционалниот јапонски појадок пак претставува ориз на пареа со натто (ферментирана соја).
21. Во Јапонија пристапот до метрото е скапо задоволство . Најевтиниот билет чини околу 1,5 долари.
22. Во јапонските телефони има вграден “сигнален систем за итни случаи” . Кога има некаква катаклизма, сите телефони почнуваат да издаваат силен сигнал (дури и ако звукот е исклучен) и објавуваат за она што се случило.
Влезете во галеријата и разгледајте аматерски снимки од Јапонија.








