Меѓународната организација за кафе го прогласи 1 октомври за празник на сите љубители и производители на кафе. За волја на вистината, обожаватели на овој пијалак ги има многу низ светот.
По тој повод, во продолжение наведуваме неколку интересни факти за кафето:
– Првпат овој настан е одбележан во 2015 во Милано и притоа производителите и кафе-баровите ги промовираат своите производи со бесплатно делење кафе.
– Според СЗО, дневно се пијат околу 1,5 милијарди филџани кафе низ светот.
– Постојат два основни вида кафе – арабика и робуста
– „Еспресо“ на италијански значи пресувано.
– Предозирање со кофеин е можно, но само ако испиете 30 кафиња во краток временски рок, на пример за 2-3 часа.
– За најголеми љубители на кафето, според потрошувачката, се сметаат Финците.
– Популарниот ланец „Старбакс“ во просек отвора по две нови кафулиња секој ден.
– Остатоците од меленото кафе имаат козметичка примена во антицелулитните третмани.
– Капучиното го добило името според монасите капучини, чија облека има слична боја како пијалакот.
– Дури 40% од светските резерви на кафе се произведуваат во Бразил.
– Од меленото кафе може да се произведе биогориво.
– Кафето е најефикасно за „будење“ ако го пиете меѓу 9.30 и 11 часот.
– Мирисот и вкусот на кафето имаат антидепресивни својства.