Нов Зеланд се наоѓа толку далеку од Македонија што не многу луѓе би можеле да ја посетат оваа земја. Нов Зеланд сепак има што да понуди – убава природа, спокојство, разновидна кујна, океан, плажи, подобар животен стандард и што ли уште не.
Во првиот дел од интересните факти за земјата, веќе научивте некои карактеристични работи за Нов Зеланд. Еве и уште:
11. Во Нов Зеланд нема сиропиталишта или бездомни животни . Таму не е вообичаено да се откажете од деца, а ако сепак некоја мајка сака да се откаже од своето дете, таа веднаш се посвојува.Бездетните семејства во земјата чекаат со години за да ја имаат можноста да посвојат дете.
12. Омилена храна на Новозеландците е рибата . Медот манука исто така е многу популарен со своите антисептички својства.Луѓето дури го користат и за да ги лечат повредите со него.
13. Поголемиот дел од улиците и парковите во земјата се чисти . Ако пак некаде се појават графити, за тоа се известуваат властите и по неколку дена сè е освежено.
14. Во Нов Зеланд е скапо да бидеш пушач . Кутија цигари чини околу 12 долари , а до 2020 година се планира таа да поскапе до 25 долари . Пушењето во кафулињата е забрането.
15. Сајтот eBay во Нов Зеланд е целосно “уништен” од проектот TradeMe , создаден од 19-годишен ученик. Во TradeMe луѓето купуваат и продаваат, бараат работа, станови, автомобили, нудат услуги. Се разбира, момчето веќе е милионер.
16. Нов Зеланд е земја на мал бизнис .Таму е многу лесно да се започне бизнис.Поголем дел од бизнисот на најталентираните Новозеландци сепак е краткотраен, бидејќи на многу од луѓето им недостасува упорност. Штом една компанија се прошири, таа е купена од Австралијци или се сели во Австралија.
17. Според некои луѓе таканаречениот “американски сон” – семејство, дом, автомобил, стабилна работа, подобра здравствена заштита и т. н. е многу полесно остварлив во Нов Зеланд, отколку во САД. Со желба и труд, секој 50-годишен новозеландец може да ги има овие работи.
18. Познатиот Новозеландец Едмунд Хилари е првиот човек кој го искачил Еверест .
19. Никаде во светот нема толку многу национални кујни , како во Нов Зеланд. Во секој регион има најмалку кинески, индиски и тајландски ресторан.
20. Во Нов Зеланд нема нуклеарна енергија – никаде во земјата нема нуклеарни централи, а бродови со нуклеарни мотори исто така не ја посетуваат далечната земја. Пред неколку години дури и тоа било повод за компликација во односите меѓу САД и Нов Зеланд. Хелен Кларк, поранешен премиер на земјата, не дозволил на носач на авиони на САД да пристигне на новозеландскиот брег.
Посетете ја нашата галерија и посетете го Нов Зеланд, макар и со помош на слики.