Интересни факти за Панама (Прв дел)

од Vladimir Zorba
330 прегледи

Егзотичната Панама не е меѓу најпопуларните туристички дестинации. Ова сепак не ја прави помалку интересна. Всушност, како и секој далечен и различен предел, таа сигурно има со што да ве заинтригира.719b39d8c6f5352f60b400d29c4172cf

Прво треба да знаете дека тоа е најјужната држава во Централна Америка , се наоѓа меѓу двата континента – Јужна и Северна Америка .

За да ја запознаете подобро Панама, макар и виртуелно, прочитајте ги следните интересни факти за земјата:

1. Главниот град на Панама е Панама Сити . Таа е модерен и просперитетен трговски град, кој се протега на 10 километри по пацифичкото крајбрежје на земјата – од урнатините на Панама Виехо до Панамскиот канал.

Панама Сити е основан во 1519 година како прва шпанска колонија на брегот на Тихиот Океан. Затоа во градот има многу згради со стара шпанската колонијална архитектура , иако многу од нив се реконструирани.

Стариот дел на градот , на пример, станувал жртва на катастрофални земјотреси и бројни пиратски опсади. Сега во Панама Сити има многу облакодери , паркови и прекрасни историски споменици . Градот е дом на речиси половина од населението на земјата.

2. Панама е позната со Панамскиот канал – еден од најопширните вештачки водни патишта во светот. Сепак локалните луѓе истакнуваат дека нивната земја е “многу повеќе” , отколку само овој познат канал. Панамскиот канал е завршен со помош на САД и е едно од чудата на современиот свет.

3. Во земјата постои голема сеизмичка активност . Таму често има земјотреси и вулкански ерупции . Највисоката точка на Панама е вулканот барут , чија висина е 3475 метри.

4. Во Панама се задржани јазикот, културата и традициите на локалните Индијанци , за разлика од другите земји во Латинска Америка.

5. Населението на Панама е околу 3 милиони луѓе . 70% од населението е составено од метиси и мулати .Преовладувачкото мнозинство го исповеда католицизмот .

6. Земјата нема армија .

7. Главниот приход на Панама доаѓа од експлоатацијата на Панамскиот канал .

8. Колон е втор по големина град во државата и центар за слободна трговија во Панамскиот канал. Тој исто така е главно пристаниште и економскиот центар на северното крајбрежје.

9. Портобело е еден од најстарите градови во земјата. Тој е основан од Кристофер Колумбо во 1502 година и во текот на многу децении градот го претставува најважното пристаниште на Шпанија на атлантското крајбрежје на Новиот свет. Името му доаѓа од шпански јазик и значи “убаво пристаниште” .

10. Панама (град Колон) е позната со најголемата зона за слободна трговија во западната хемисфера и втората по големина во светот по зоната на Хонг Конг.

Разлистајте ги фотографиите подолу и разгледајте дел од значајната Панама.

e1c0b9f24c6a00d45af452c22a3dfe84 589b7db16c3475008bc930e4f3f92e3d 6674fd8775cc6a14eb53f413c38bb57c 4a1d979b6f813b73fbe15ebea7eda232 719b39d8c6f5352f60b400d29c4172cf 2be4d7e8579a709672f65d69dbb3837f

7b1e11926fad4aae11cc48736010d5db