Интересни факти за Перу (Прв дел)

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Перу е уште една волшебна држава, која се наоѓа на “другиот крај на светот”, која го заслужува вашето внимание.

Земјата е позната не само со извонредниот Мачу Пикчу , но и со мистериозните линии (знаци) во Наска .df7126bcec524728f9c36f914c52686a

Некогаш на територијата на Перу просперирала една од најголемите и мистериозни цивилизации во светот –империјата на Инките .

Што друго треба да знаете за јужноамериканската земја, можете да дознаете како прочитате следните интересни факти:

1. Највисокиот град во светот се наоѓа токму во Перу. Тоа е Риконада , кој е изграден на 5099 метри надморска височина. Тој е дом на 30 000 луѓе , од кои повеќето се занимаваат со ископување на злато.442989fda4f9f23514c6f11960958dd9

2. Многу рудари работат без пари цел месец, а во последниот ден тие имаат право да земат толку руда, колку што можат да носат на рамена. Тие сепак не знаат дали во рудата имазлато или не.a52f8a53f37475818e57b80f50bee237

3. Риконада не е највисоката населба во светот. Постојат две индијански села кои се наоѓаат на надморска височина од 5170 и 5219 метри.

4. Андите заземаат најголем дел од територијата на Перу. Само во североисточниот дел на земјата се наоѓаат тропските зимзелени шуми , кои во Јужна Америка се нарекуваат Селвас.

5. Од територијата на Перу извира најголемата река во Јужна Америка – Амазон.

6. Опкружено од снежните планини и плодни долини, на границата меѓу Перу и Боливија се наоѓа мистериозното езеро Титикака . Надморската висина е 3812 метри.

7. Историјата и културата на Перу се многу интересни, особено бидејќи земјата била седиште на древната цивилизација на Инките.

8. Археолошкиот споменик Мачу Пикчу во Перу беше прогласен за победник во трката за “Седумте нови чуда на светот”, што се одржа во 2007 година во Лисабон. Градот се смета за едно мистично место кое импресионира со својата цврстина и структура. И иако за Мачу Пикчу е напишано многу, тоа останува една голема мистерија. Преведено од кечуа неговото име значи “стар врв” . Многу луѓе пак го нарекуваат Мачу Пикчу “изгубениот град на Инките” . Тој е лоциран на надморска височина од 2400 метри и на 1000 метри под градотКуско.f763be679dd35d7bc50e1c6bb306d21e

9. Кањонот Cotahuasi се наоѓа на 375 километри од градот Арекипа и е најдлабокиот кањон во цело Перу, со длабочина од 3535 метри. Под кањонот и неговата околина има извори на топла вода. Во областа се среќаваат и водопади , како и голем број на традиционални планински села .

10. Перуанската кујна е вклучена во Гинисовата книга на рекорди како најразноличната. Таа има околу 500 јадења. Перуанската кујна се развила под влијание главно на две култури – индијанска и шпанската.2ecdc33d07ab9e81da7d710e43b88d52