301
Бремената реалити ѕвезда Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг рокер Тревис Баркер го очекуваат своето прво заедничко дете.
Изгледаа позаљубено од кога и да е кога одеа рака под рака до италијански ресторан во Лос Анџелес.
За таа прилика, најстарата сестра од кланот Кардашијан-Џенер облече бела маичка со Мики Маус принт која го откри долниот дел од стомакот, над кој облече кратка црна јакна.
Таа ги откопча своите светли фармерки со широки ногавици, а во раката носеше чанта во форма на срце од луксузниот бренд Alaïa.
Лежерната комбинација ја издигна со штикли со шпиц врвови.