Интересот за купување на станови не е намален и покрај кризата

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Иако цените на становите забележаа зголемување од 16,5 отсто на годишно, односно од 6,8 проценти на квартално ниво, интересот не е намален.

Генералниот менаџер на агенциајта за недвижнини „Левел 7“, Игор Панчевски во разговор за „Локално“ вели дека интересот за купување на становите не е намален, но е забележано намалување на темпото на реализација.

-Нашите искуства со секојдневното присуство и делување на пазарот на недвижности ни укажува дека и покрај поскапувањето на цените на недвижностите и енергетска и економска криза интересот за купување на становите не е намален но забележано е намалување на темпото на реализација, бидејќи граѓаните се повнимателни во изборот и одлуката при купување на недвижноста, односно имаме две ситуации кадешто или го зголемуваат буџетот со кој располагаат или бараат алтернативни решенија во однос на локација, големина на стан итн., појаснува тој.

Во однос на тоа дали има промени во цените во скопските општини кои важат за најатрактивни, Панчевски вели дека „големата тројка“ се најскапи се становите во општина Центар, Карпош и Аеродром.

-Намалување на цените нема во ниту една скопска населба додека најскапи се становите во општина Центар, Карпош и Аеродром, вели тој.

Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто

Во периодот јули-септември годинава, споредено со претходните три месеци, растот на цените на недвижностите е за 4,7 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.

Во вториот квартал годинава цените на становите забележаа зголемување од 16,5 отсто на годишно, односно од 6,8 проценти на квартало ниво, додека во првиот квартал исто така имаше раст на годишно ниво од 12,4 отсто , односно од 2,9 на квартално ниво.

Државниот завод за статистика претходно објави дека во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40.

Б.М.

Слични содржини