ИНТЕРНЕТ ГОРИ: Анџелина Џоли на ТАЈНА вечера со познат пејач (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Американската актерка Анџелина Џоли (46) и пејачот Викенд (31) беа фотографирани додека излегуваа од ресторан во Лос Анџелес во кој престојуваа заедно, и сите се прашуваат која е причината за нивната средба.

Имено, ѕвездата на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во средата навечер поттикна гласини дека помеѓу неа и 15 години помладиот музичар се случува нешто повеќе од познанство.

Тие поминаа часови заедно во италијанскиот ресторан „Џорџо Балди“, и оттаму излегоа одделно, за да не ги сликаат заедно.

46-годишната холивудска sвезда носеше црн фустан од свила и беж капут, додека авторот на хитот „Blinding Lights“ прошета во фармерки и јакна, кои ги спои со црна маица и чизми во иста боја.

Иако обожавателите велат дека се запознале од романтични причини, многумина тврдат дека се сретнале за деловни активности затоа што пејачот сака кариерата да ја продолжи во Холивуд.

– Очигледно, тие не се обидуваат да ја сокријат заедничката вечера – изјави извор близок на пејачката.

– Тој е дефинитивно фокусиран на преселба во филмската индустрија. Тој снима нова серија на HBO во која глуми – додаде изворот, но многумина веруваат дека станува збор само за „вадење“ и за одвлекување на вниманието од нивната лична врска.

Слични содржини