Интервју со извршниот директор на СКСЗМ, Зеќири: Стопанствениците бараат придонесите да се намалат на 32% а минималната плата да биде 30.000 денари

од Nikola Popovski

За да се спречи иселувањето на младата работна сила, Стопанската комора на Северо-западна Македонија предлага, минималната плата да изнесува 30.000 денари, а придонесите да се намалат на 32 %. На овој начин не само што ќе се зголемат платите на вработените и ќе се креира долгорочна перспектива за македонските граѓани, туку ќе се вратат конкурентните можности за домашните компании, уверува во интервју за „Локално“, извршниот директор Дурим Зеќири.

-Барањето на СКСЗМ е придонесите кои од минималната плата изнесуваат 47% и се прогресивни, да се намалат на 32% но минималната нето плата да биде 30.000 денари. Што значи дека повторно ќе се плати истата сума на придонеси со што нема да се оштети буџетот на државата, но во меѓувреме ќе креираме услови за подигање на моралот кај нашите вработени. Една друга придобивка од овој концепт, е фактот што многу компании кои се делумно неформални, ќе ги формализираат нивните средства со што ќе има унапредување и во овој дел. Треба да спомнеме дека коалицијата која што се очекува да ја формира Владата, ги има прифатено нашите барања во делот на придонесите, и се надеваме дека што поскоро ќе го реализираат истото, вели Зеќири.

Ветувања биле дадени и во насока на Европската интеграција на земјата.

-Многу е важно да се работи на исполнување на задачите и предусловите во најефикасен можен начин, за да го стигнеме чекорот на другите земји кои се во истата ситуација како нас, но се поунапредени во евроинтеграцискиот процес. Што се однесува на дилемата дали има можност да скршнеме од патот кон ЕУ, сметаме дека тоа е нешто што не би требало да дојде во предвид, и дека сите политички актери треба да жртвуваат повеќе за иднината на земјата и нејзините граѓани, потенцира Зеќири.

Во периодот  на одбројување на денови пред  формирање на новата Влада, стопанствениците се во исчекување на чекорите кои ќе бидат превземени во рамки на економската политика. Вашата комора имаше претходни  средби со политичките субјекти, па оттука и прашањето кои се главните изборни ветувања чие исполнување е од круцијално значење ?

Претставниците на бизнисот во Северна Македонија велат дека ја изгубиле довербата во политичките субјекти, кои во секој изборен циклус посетуваат економски комори за да ги презентираат своите програми од областа на економијата. Намалување на даноците, борба против корупција и незаконско стопанство, капитални инвестиции, поедноставување на административните процедури за водење бизнис, беа дел од ветувањата што политичките партии ги дадоа во текот на кампањата.

Последните парламентарни избори се случија во време кога Северна Македонија е рангирана на дното на листата меѓу државите од регионот по економски раст и во време кога државата се соочува со високо ниво на организиран криминал и корупција како и иселување  на квалификуваниот кадар. Дополнително, нашата земја се соочува со енормно иселување особено на младите кои требаше да придонесуваат во нашата земја, а не сета нашата инвестиција во нив како општество, да им ја подариме на поразвиените држави во регионот и пошироко, давајќи јасен сигнал, дека домашните политики не се најсоодветни кога станува збор за штитење на домашниот интерес. Затоа, со политичките партии, особено тие од кои се очекува да ја формираат владата, сме имале работни состаноци каде што сме ги претставиле нашите ставови за горенаведените проблематики, и еден значителен дел од нашите барања се интегрирани во нивните програми за владеење. Како СКСЗМ ќе бидеме активни во следните 4 години анализирајќи ја нивната работа, во делот на сузбивање на сивата економија, намалување на корупцијата, правната држава, применување на законите а истовремено, ќе бараме да се реализираат програмите и политиките за спречување на иселувањето.

Понатамошното продолжување на патот кон ЕУ има политичко, но пред се економско значење. Дали добивте ветувања дека нема да има скршување од оваа цел?

Нашиот став како Комора е дека ние како земја немаме друга алтернатива, и единствената врата која нуди вистинска можност и перспектива, е вратата на Европската Унија. Европската Унија за жал, веќе не е желба туку е суштинска потреба за нашата земја не само поради геополитичките причини, туку и поради економскиот аспект, имајќи предвид ситуацијата во која се наоѓа нашето општествo. Затоа многу е важно да се работи на исполнување на задачите и предусловите во најефикасен можен начин, за да го стигнеме чекорот на другите земји кои се во истата ситуација како нас, но се поунапредени во евроинтеграцискиот процес. Што се однесува на дилемата дали има можност да скршнеме од патот кон ЕУ, сметаме дека тоа е нешто што не би требало да дојде во предвид, и дека сите политички актери треба да жртвуваат повеќе за иднината на земјата и нејзините граѓани.

Недостигот на работна сила, особено на онаа со бараните вештини останува најголем проблем кој дополнително се усложнува со заминувањето на нашите луѓе во западните европски држави или пак во Албанија и Србија како можност во рамки на Отворен Балкан. Како понатаму?

Работната сила во целина продолжува да биде главна грижа на СКСЗМ, а на средбите со политичките партии се разговараше и за реформите во образованието, различни закони поврзани со работната сила. Во насока на сузбивање на протокот на млади кои мигрираат од Северна Македонија, СКСЗМ продолжува да инсистира на барањето за намалување на придонесите на ниво од 32% од минималната нето платата како предуслов за зголемување на платите на вработените, каде што ќе помогнеме во креирање и долгорочна перспектива на граѓаните во земјата. Сметаме дека компаниите кои оперираат во склоп на законот и се дел од формалната економија, придонесуваат многу кон државата, но сега е време да се формализира неформалната економија, а тоа секако дека се прави кога институциите односно владата има подготвеност навистина да направи позитивни промени. Еден од клучните елементи каде што треба да се фокусираме е да се вратат конкурентните можности за домашните компании, а тоа може да се направи преку намалување на придонесите со тоа што компаниите ќе имаат можност да ги зголемат нето платите на вработените, ќе бидат поконкурентни со компаниите од земјите на регионот за привлекување на квалитетна работна сила.

Тргнувајќи од фактот дека ниските плати се основната причина за заминување,  стопанствениците сугерираат намалување на придонесите што ќе овозможи зголемување на нето примањата. Колку се овие барања реални со оглед на последиците врз државната каса ?

Барањето на СКСЗМ е придонесите кои од минималната плата изнесуваат 47% и се прогресивни, да се намалат на 32% но минималната нето плата да биде 30.000 денари. Што значи дека повторно ќе се плати истата сума на придонеси со што нема да се оштети буџетот на државата, но во меѓувреме ќе креираме услови за подигање на моралот кај нашите вработени. Една друга придобивка од овој концепт, е фактот што многу компании кои се делумно неформални, ќе ги формализираат нивните средства со што ќе има унапредување и во овој дел. Треба да спомнеме дека коалицијата која што се очекува да ја формира владата, ги има прифатено нашите барања во делот на придонесите, и се надеваме дека што поскоро ќе го реализираат истото.

Во каква кондиција е градежништвото  во Македонија? Градежните комори го препознаа Отворен Балкан како можност преку која градежните компании можат заеднички да настапат на трети пазари. Што се случува на ова поле?

Градежните компании се вистинската локомотива на нашата економија, иако имаат минимална институционална поддршка. Како сектор е многу специфичен особено на начинот на кој тој сектор донесува пари од странство, а во рамки на своето работење, СКСЗМ ја има и групацијата на градежници, каде анализира проблематики и излегува со ставови во насока на решавање на истите. Освен досегашните проблеми со кои се соочуваат градежниците со неунифицираните административни и други комунални стапки, сега се зголемува ефектот на еден проблем кој што треба да се реши законски, а тоа е проблемот на привлекување на странската куповна сила, кои што не купуваат станови и недвижности во РСМ поради законски причини. Граѓаните на Република Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, не можат да купуваат недвижности во РСМ поради законски причини, а тоа значи дека сме ја затвориле вратата за околу 15 милиони потенцијални купувачи.

К.В.С.

Слични содржини