Интервју со Станиќ: Преку „Отворен Балкан“ во Србија ќе се основаат многу компании со македонски капитал, а градежните работници ќе заминат за повисоки плати

од Nikola Popovski
449 прегледи

Од досега пријавените македонски и албански државјани за работа во Србија преку системот „Отворен Балкан“, најголем број се од градежништвото, угостителството, но и од информатичките технологии. Ваквите показатели според српската стопанска комора се совпаѓаат со потребите на стопанството на Србија, но само во еден дел, бидејќи за негово  вистинско и целосно задоволување велат, е потебно уште многу.

Во Србија најмногу се бараат работници во градежната индустрија, потоа во сообраќајот,  угостителството, земјоделитето и на крајот доаѓа преработувачката индустрија во која се повеќе има недостиг на квалификувани  работници. Само во сообраќајот недостигаат повеќе од 5000 возачи, па замислете како е тогаш во другите дејности“, изјави во интервју за Локално, Бојан Станиќ од Стопанската комора на Србија. 

Коментирајќи ги стравувањата на некои од македонските комори според кои земјава може да се соочи со одлив на работници поради повисоките плати во Србија, Станиќ ја истакнува како примарна потребата од согледување на пошироката слика. 

Работниците меѓу другото би заминале во Србија и заради близината, автопатите, бидејќи луѓето за неколку часа можат да бидат дома што значи дека заработените пари ќе си ги трошат повторно во Македонија“, вели Станиќ. 

Како сериозна придобивка го посочува и фактот дека иницијативата Отворен Балкан овозможува многу компании со македонски капитал да  бидат основани во Србија , а со тоа и рамноправно да учествуват на тендери кои ќе бидат распишани во рамки на проектот ЕКСПО 2027.

Македонскиот градежен сектор очекува дека преку „Отворен Балкан“ ќе може да настапи на  пазарите на Србија и на Албанија каде има многу поголема градежна експанзија. Од друга страна тие стравуваат дека нашите градежни работници ќе заминат во овие две држави поради повисоки плати.

Ако зборуваме само за пазарот на труд, логично е луѓето кои се подготвени да се прeселат да бараат подобри услови за работа. Заради проекот ЕКСПО 2024-2027 многу градежни работи се концентрирани во мал временски период. Со самото тоа што нема доволно работници, невозможно е недостигот да се надомести со увоз на работници надвор од европските земји,  туку е потребно да се  зголемува дневницата со која ќе се платат работниците. Тоа  ќе доведе до зголемување на просечната плата во Србија што е далеку повеќе од платата во Македонија кога зборуваме за работа во градежништвото. Така доаѓаме до ситуацијата од која се стравува, дека  многу од луѓето ќе заминат во Србија и така уште повеќе ќе се зголеми проблемот со работници во Северна Македонија.

Работниците меѓу другото би заминале во Србија и заради близината, автопатите, односно луѓето за неколку часа можат да бидат дома што значи дека заработените пари луѓето ќе си ги трошат повторно во Македонија што многу ќе значи на македонското стопанство, трговијата… Интересно е и уште нешто, бидејки е замислено дополнително да се прави интеграцијата на просторот на Западен Балкан и преку слободен проток на капитал, верувам дека многу компании можат да бидат основани во Србија со македонски капитал а со тоа да учествуват како рамноправни компании на тендери кои ќе бидат распишани во рамки на проектот ЕКСПО  2027 . Но, најважно е  тоа дека иницијативата ОБ  не е замислена за на една земја да и биде многу добро, а на друга малку помалку или полошо. Сега се зголемува и можноста  фирмите кои тука стопанисуваат да се обидат да најдат работа во Македонија, особено  затоа што тука има  се поголема конкуренција, на пример во ИТ секторот. Па така луѓе  кои работеле во ИТ индустријата и се стекнале со одредени референци, сега би можеле  своето знаење да го искористат за проекти во С. Македонија. Битно е дека прелевањето на ефектите  од инвестицискиот циклус во Србија може да се забележи на стопанствата во регионот имајќи го предвид стратешкиот однос на двете влади.

Дали веќе може да се направи пресек во однос на  типот на кадрите од Северна Македонија и од Албанија  кои најмногу аплицираат за работа во Србија и кои се засега најатрактивните градови во однос на бројот на пријавите?

Податоците се  ажурираат и менуват секојдневно бидејќи пријавите континуирано доаѓаат уште од 5 март.Најмногу заинтересирани има за работа во Белград и Нови Сад и тоа во градежништво, угостителство па дури  и во информатичките технологии а  профилите се различни, од помалку квалификувани до високо квалификувани. Според последните достапни податоци, околу 900 српски државјани се пријавиле на системот “Опен Балкан” за работа во нашата држава и во Албанија.

Од друга страна, српските компании имаат јасни показатели за тоа кои занимања им се најпотребни, па оттука и прашањето кои кадри се во моментов најдефицирни?

Е, токму тука е проблемот. Ако  го погледнете овој единствен пазар  на работа, тој има свои одредени  предности и сигурно ќе придонесе за решавање на недостигот на работна сила, но факт е дека сите три земји генерално имаат недостиг на работници во рамки на  целокупната преработувачка индустрија. Но од друга страна, најбарани во Србија се работници во градежната индустрија, потоа во сообраќајот,  угостителството па потоа доаѓаат земјоделските работи, овоштарство, виноградинарство… и на крајот доаѓа преработувачката индустрија која се повеќе го покажува недостигот на квалификувани  работници и тоа во делот на металската, хемиската и прехрамбената дејност.

За кои занимања во сообраќајот се потребни работници?

Едноставно тоа се  возачи во патниот сообраќај, во транспортниот и автобускиот, и тоа како во приватните  компании така и јавниот сообраќаен сервис кој се повеќе покажува недостиг од работници. Недостиг од работна сила има и во железничката инфраструктура, па дури и во  речното бродоградарство.

Имате ли некаква анализа колку вкупно работници и се потребни на Србија?

Тоа е многу тешко да се каже. Постојат различни податоци, но она што е познато е дека недостигаат повеќе од 5000 возачи. Замислете како е тогаш во другите дејности. Останува фактот дека стопанството функционира со помалку капацитети бидејќи не се пополнети сите работни места. Многу е тешко да се  најдат работници за сезонска земјоделска работа, или во делот на сточарството, а исто така е тешко  да се најдат и  градежни работници,  па затоа таквиот кадар мора да се увезува од други земји. Минатата година на пример во Србија, заради моменталната ситуација  се издадени повеке од 50 000 работни дозволи. Примарно, тоа се луѓе од Русија, но има и од Турција, Шри Ланка, Бангладеш, Пакистан и тн. Интересно е тоа што се повеќе недостигаат кувари во угостителството, келнери, луѓе кои работат на подготовка и служење на храна и пијалоци. Многу луѓе доаѓаат и од карипските земји и работат во ресторани, кафулиња.

Дали воопшто српските стопанственици се задоволни од работата на овие работници кои доаѓаат како што велите од Бангладеш, Пакистан, Непал…?

 Факт е дека градежната индустрија не може да функционира без овие луѓе, но дискутабилно е дали тие се во целост задоволни од нивната работа. Секој сака да има повеќе домашни работници кои се поквалификувани, но нив едноставно ги нема. Тие сакаат да заминат во Европа, пред се во Германија, Швајцарија, Австрија. Луѓето кои доаѓаат тука да работат првично поминуваат некаква контрола. Агенциите кои ја договараат ваквата работна сила се одговорни,настојуваат да бидат колку толку квалификувани, да ги имаат поминато безбедносните процедури, да имаат одредени сертификати.

К.В.С.

Слични содржини