ИНТЕРВЈУ со Стојановски: Сопиште ќе добие затворена спортска сала и подобрен јавен превоз

од Берта Китинска
1,4K прегледи

Во Сопиште ќе изградиме затворена спортска сала, на автобуските и игралиштата ќе поставиме бесплатен безижен интернет односно WI-FI мрежа, ќе изградиме нови забавни паркови …. Невработените ќе добијат наша поддршка, но исто така ќе им обезбедиме и бесплатно неформално образование.  За пензионерите ќе отвориме нови катчиња каде ќе може да го поминуваат времето, ќе им организираме и бесплатни екскурзии. Сопиште за 4 години ќе биде општина во која ќе си дојдете дома со чувство дека не сте туѓинец, вели  во интервју за „Локално“, Сашо Стојановски, кандидат за градоначалник на општина Сопиште од СДСМ.

Кандидатот за градоначалник вели дека сите еминентни личност кои живеат во општината ќе бидат активно вклучени како промотори на општината како дома  така и на меѓународен план.

-Сопиште ќе го промовираме како етно дестинација, и зошто кај нас на пример да не се одржуваат семинари и конференции, што ќе бидат организирани од сите тие луѓе што живеат во нашата општината. Уште првиот ден ќе им упатам покана за средба на сите. На пример да имаме научна конференција, која ќе ја организира некој од нашите жители, и каде ќе готват наите готвачи, ќе се промвираат нашите уметници. Сопиште има што да покаже, само треба човек да има визија и да сака да ја реализира за доброто на сите, објаснува тој.

Стојановски смета дека една од првите работи за што ќе се заложам е решавање на проблемот со јавниот превоз.

-Тое е еден од главните проблеми со кои се соочуваат моите сограѓани, жителите на општина Сопиште. Токму затоа, како нова локална самоуправа, од првиот ден ќе го решаваме овој проблем. За почеток, автобусот со број 58, што сообраќа на територија на нашата општина, но и комбињата што возат до одредени населени места ќе возат со зголемен интензитет, објаснува кандидатот за градоначалник на општина Сопиште.

Кој е клучниот проект на кој ќе се насочите доколку бидете избран за градоначалник на Сопиште? 

Една од првите работи за што ќе се заложам е решавање на проблемот со јавниот превоз. Тое е еден од главните проблеми со кои се соочуваат моите сограѓани, жителите на општина Сопиште. Токму затоа, како нова локална самоуправа, од првиот ден ќе го решаваме овој проблем. За почеток, автобусот со број 58, што сообраќа на територија на нашата општина, но и комбињата што возат до одредени населени места ќе возат со зголемен интензитет. Исто така, ќе се обидеме да воведеме и автобус што ќе сообраќа во подоцните часови, со оглед дека сега последниот автобус е во 22:45 минути, што секако е проблем за младите, но и за оние жители кои поради работните обврски често се соочени со проблемот да не може да стигнат навреме и го пропуштаат автобусот, што доведува до дополнителни трошоци за превоз во семејниот буџет. Затоа, автобусите ќе сообраќаат почесто. Но, ќе се обидеме и да воспоставиме конекција и со другите градски општини.

Сопиште станува се поатрактивно место каде граѓаните одлучуваат да купат парцели и да изгрдат домови подалеку од градскиот метеж. Но,  еден од проблемите со кои се соочуваат дел од граѓаните е водоснабдувањето. Ќе се зафатите ли со решавање на овој горлив проблем што Вашиот претходник не успеа да го реши?  

Тоа ќе биде наш врвен приоритет. Дефинитивно, недозволиво е во 21 век да зборуваме за проблеми со вода за пиење. Водоснабдувањето ќе биде решено и нема да губиме време, туку веднаш ќе се зафатиме со реализација на она што е закочено и што треба да се работи со засилено темпо. При тоа, решението е во добро менаџирање на општинскиот буџет, бидејќи пари има а секако тука имаме силна поддршка од централната влада.

Кој е моделот за локален економски развој што ќе го понудите на граѓаните во оваа општина? 

Видете,  во нашата општина има околу 50-тина фирми и сите тие се мали или микро компании. Вработуваат по еден до пет луѓе, а само неколу од фирмите имаат меѓу 15 и 30 вработени. Јасно е дека токму на овие фирми им е потреба поголема поддршка, особено за пребродување на Ковид кризата. Владата креираше мерки што можеше да ги користат во време на пандемија, но како идна локална самоуправа, ние ќе направиме дополнителни олеснувања за нив, ќе поставиме нови стандарди како да им го олесниме работењето, ослободувајќи ги од одредени давачки. Една мерка што веднаш ќе ја спроведеме како амортизација од Ковид шокот е  50% намалување на фирмарина за постоечките фирми. Веднаш стартуваме со редовни координации со бизнисмените и преку дијалог ќе се креираат дополнителни соодветни  антикризни мерки како помош за пребродување на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Ќе разговараме со нив заедно ќе ги креираме условите под кои ќе добијат дополнителна поддршка. За оние што ќе бидат новоформирани,односно сите кои ќе отворат нов бизнис ќе бидат ослободени од плаќање на фирмарина во следните 3 години. Една од мерките што ни е еко- мотивирачка имаме таргет сите компании што ќе рециклираат стакло и пластика на обележани позиции што ќе ги предвиди општината, да добијат помош со намалување на комуналните давачки за 30%.

Кои се најчестите забелешки на граѓаните, што е она што ветувате дека ќе го реализирате? 

Mногу работи се запоставени во општината. Секако, инфраструктурата ќе биде уште еден приоритет. Ќе асфалтираме секаде. Нема да правиме дискириминација по населени места. Сите улички ќе добијат нов лик. Еве, како пример ќе го наведам локалниот пат во населеното место Добри Дол, таму патот е цел дупки, оставен е да пропаѓа. Дали тие жители заслужуваат таков пат? Секако дека нe! Tоа ќе се смени по 17 октомври. Но, и во сите други населени места ќе асфалтираме. Разликата е евидентна, бидејќи оние патишта што ги правела државата, односно Јавното претпријатие за државни патишта, се направени квалитетно. Тоа што било обврска на државата е завршено за разлика од обврските на општината што стојат незавршени и затоа улиците се со  дупки и крпеници. Граѓаните тоа го знаат, секој ден си ги уништуваат возилата по локалните улици. Замислете, ја уништија и тргнаа таблата каде пишуваше дека инвеститор на патот е токму државата, само за да ја скријат својата неспособност.Тоа не е добро. Затоа ние ќе ја смениме таквата пракаса. Ќе ги пробиеме и тампонираме  и уличките што водат до нивите на граѓаните, на тој начин ќе им го олесниме секојдневното извршување на обврскте.

Во Сопиште живеат многу еминентни личност, дали од нив ќе ги активарате?

Тоа е во нашата програма. Бизнисмени, доктори, готвачи, уметници, спортисти и професори – сите ќе бидат активно вклучени.Тие ќе бидат наш промотор, дома и на меѓународен план. Сопиште ќе го промовираме како етно дестинација, и зошто кај нас на пример да не се одржуваат семинари и конференции, што ќе бидат организирани од сите тие луѓе што живеат во нашата општината. Уште првиот ден ќе им упатам покана за средба на сите. На пример да имаме научна конференција, која ќе ја организира некој од нашите жители, и каде ќе готват наите готвачи, ќе се промвираат нашите уметници. Сопиште има што да покаже, само треба човек да има визија и да сака да ја реализира за доброто на сите.

Што бу му порачале на Вашиот противкандидат? 

Откако ќе ја превземеме општината, ќе направиме комплетна ревизија на се она што се работело во изминатите осум години. Потпишавме Кодекс за фер однесување во кампањата и треба сите да се дрижиме до него. Бидејќи, тоа што сега се започнува со асфалтирање на улици и се најавуваат проекти што не се направени години наназад, всушност покажува дека се прави само заради добивање гласови.  Никој не смее да ги потценува граѓаните, тие немаат кратка меморија, паметат што и дали се работело во изминатите години.

Како Сопиште би можело, под Ваше раководство, да изгледа за 4 години? 

Во Сопиште ќе изградиме затворена спортска сала, на автобуските и игралиштата ќе поставиме бесплатен безижен интернет односно WI-FI мрежа, ќе изградиме нови забавни паркови за најмалдите во секое населено место, ќе ги реконструираме училиштата за нашите основци да имаат услови што им доликуваат, ќе ги стипендираме најуспешните спортисти, но ќе ги стипендираме и младите кои ќе имаат успех на државни или меѓународни натпревари. Невработените ќе добијат наша поддршка, но исто така ќе им обезбедиме и бесплатно неформално образование.  За пензионерите ќе отвориме нови катчиња каде ќе може да го поминуваат времето, ќе им организираме и бесплатни екскурзии. Сопиште за 4 години ќе биде општина во која ќе си дојдете дома со чувство дека не сте туѓинец. Дека проблемите не се чекаат да бидат решени стихијно, пред избори, туку плански и со добра намера. Сопиште ќе биде дом за сите!

Б.М.

 

Слични содржини