ИНТИМНИ ОДНОСИ ЧЕТИРИ ПАТИ НЕДЕЛНО! Ова се ВАЖНИТЕ ПРАВИЛА за врска поставени од Џеј Ло

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

Латино дивата Џенифер Лопез (53) сега ужива со својот сопруг, актерот Бен Афлек (50). Тие се верија пред 20 години, а потоа се венчаа двапати минатото лето. Покрај бујните облини, пејачката е позната и по бурните врски.

Многумина ја изневеруваа, почнувајќи од поранешниот сопруг Марк Ентони (54), Каспер Смарт (36) и вереникот Алекс Родригез (47). Така таа смислила правила кои сите нејзини мажи би морале да ги почитуваат.

Нејзиниот поранешен сопруг Марк наводно имал афера со стјуардеса на приватен лет во нејзиниот авион, што ја налутило Џеј Ло, поради што таа им забранила на жените да работат во нејзините авиони. Работат само мажи, кои всушност и се помошници.

Тие мора да бидат фит

Џенифер Лопез не сака нејзините партнери да имаат стомак. Позната е по тоа што редовно вежба, а истото го бара и од нив. Во еден момент таа дури го ставила Афлек на строга диета и му рекла дека мора да вежба.

Цел ден пристап до мобилен телефон

Кога сака може да го земе мобилниот на дечкото и да провери со кого се допишува, какви фотографии има во галеријата и слично. Така открила дека Родригез е неверен. Таа видела пораки со Медисон Лекрој на неговиот мобилен телефон, иако подоцна се колнел дека ништо не се случило.

Не повеќе од три пијалоци навечер

Додека беше во врска со Алекс, Џеј Ло инсистираше на тоа дека може да испие само три пијачки на ноќно излегување без неа. Пејачката вообичаено не пие, а во една прилика изјави дека не ни пуши и не пие кофеин затоа што навистина ја уништува кожата како што старееш.

Интимни односи четири пати неделно

Таа потпишала предбрачен договор со Афлек, а една од работите е и сексуалниот живот. Џенифер сака секс најмалку четири пати неделно, а за да се омажи за Лопез, Бен морал да се согласи со нејзиното правило.

Слични содржини