Инцидент на судењето: „Џони, бебево е твое“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
296 прегледи

Почна последната недела од судењето меѓу Амбер Херд и Џони Деп, а за време на него ќе бидат сослушани сите преостанати сведоци.

Но, на паузата од судењето се случи една необична ситуација.

Непозната жена упаднала во зградата со бебе во раце и почнала да вика, а се претпоставува дека е фан на Деп.

-Џони, те сакам! Нашите души се поврзани, рекла таа и продолжила: -Ова дете е твое.

Деп само се насмевнал и ја поздравил со раката. Жената набрзо била отстранета од судницата, а по инцидентот таа тврдела дека сето тоа било само шега.

Да потсетиме, Џони Деп ја тужеше својата поранешна сопруга за напис во Вашингтон пост од 2018 година, во кој Амбер се опиша себеси како жртва на семејно насилство. Иако не го именуваше Џони, јасно е дека мислела на него. Актерот тоа го негираше и тврди дека бил жртва на насилство и дека таа често кревала рака врз него.

Слични содржини