340
Тензии на седница во бугарското собрание, што довело до раздор меѓу пратениците од „Продолжуваме со промените“ и пратениците од партијата „Преродба“, јавуваат бугарските медиуми.
Искрен Митев од „Продолжуваме со промената“ му се обратил на лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов, кој се симнал на собраниската говорница и на потпретседателот на Собранието Кристијан Вигенин, кој во моментот ја водел седницата, му рекол: „Глупак, ќе го истепам уште малку“, пишува бугарски „БГНЕС“.
Костадинов отишол до местото каде што седел Митев, кој му ја повлекол вратоврската. Тогаш во инцидентот се вклучиле и пратениците од двете пратенички групи.
Вигенин, за да ја намали напнатоста, дал пауза до 12 часот, по што продолжила седницата.