Родителскa средба со наставничка во едно одделение на основното училиште „Савски Гај“ во Загреб бил нагло прекинат откако на него упаднал пијан маж со нож. Според досегашните информации, напаѓачот не е еден од родителите на децата од училиштето во чиј двор влегол.
Поради епидемиолошките мерки, родителскиот состанок се одржал во училишниот двор. Човекот наводно седел во близина и дофрлувал нешто неразбирливо.
Според неофицијални информации, станува збор за маж кој боледува од посттрауматско пореметување.
„Страшно ми е жал за луѓето што поминаа низ камповите и војната, но тие мора да одат на лекување, а не да се движат низ училишните дворови“, коментирала една мајка на дете од класот чија родителска средба била прекината.
Фото: Marko Prpic/PIXSELL