ИНЦИДЕНТ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Претепан граѓанин – уапсен еден човек, се трага по двајца (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Едно лице е уапсено, а по уште две лица се трага откако претепале граѓанин и му се заканувале со пиштол во албанскиот град Тропоја за време на денешните парламентарни избори, пренесе „Егзит њуз“.

Според албанскиот портал, повикувајќи се на „Еуроњуз“, напаѓачите се од опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша, а претепаниот граѓанин е член на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама.

Сите избирачки места на парламентарните избори во Албанија беа затворени вечерва во 19 часот, пренесува „Егзит њуз“.

Околу 3,6 милиони албански граѓани со право на глас избираа пратеници денес, кои ќе ги претставуваат во албанскиот парламент во следните четири години.

Слични содржини