Инциденти и солзавец на Денот на државноста на Црна Гора (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
252 прегледи

Денес црногорската полиција во Никшиќ употреби солзавец за да спречи поголем инцидент меѓу две групи граѓани, кои се собраа да го прослават 13-ти јули, Денот на државноста на Црна Гора.

Во еден момент во центарот на градот дошло до судир меѓу полицијата и граѓани.

Граѓаните започнале судир со полицијата, почнале да фрлаат шишиња, по што полицијата употребила солзавец и бибер спреј, јави репортерот на „Вијести“.

Лекарска помош побарале повеќе полицајци како и одреден број граѓани.

Во Никшиќ денеска се одржаа два собири по повод Денот на државноста.

Едниот го организираше Форумот на слободни граѓани „Луча“ на градскиот плоштад, а другиот го организираше група граѓани со тробојки, организиран на плоштадот Шак Петровиќ.

Слични содржини