Инвазија на пајаци во Австралија: Делови од земјата покриени со нивните мрежи (ВИДЕО)

од Берта Китинска
256 прегледи

После поплавите на почетокот на јуни, море од свила ја покри областа на државата Викторија, рече универзитетскиот професор Дитер Хокули.

„Кога ќе нè погоди толку силен дожд и поплави, а оние животни кои вообичаено живеат на земјата не можат да преживеат таму, тие го прават истото како и ние, се селат на височини“, рече Хокули, шеф на групата за интегративна екологија, беше објаснето на локалната телевизија на Универзитетот во Сиднеј.

Овие пајаци служат како падобрани и го користат ветерот за движење.

Австралијците во руралните области беа погодени од голем број катастрофи во последните неколку години.Долгата суша беше проследена со огромни шумски пожари кон крајот на 2019 и почетокот на 2020 година, проследени со поројни дождови и поплави, како и бројни штети во неколку региони.

Слични содржини