Инвестирајте во рибници за производство на слатководна риба, преку Мерка 7 од новата ИПАРД 3 програма

од Vladimir Zorba
395 прегледи

ИПАРД 3 програмата (2021-2027) која се очекува да стартува наскоро, овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој, пишува АгроТим.

Во последниот Јавен повик од ИПАРД 2 програмата, се покажа дека постои голем интерес за мерката 7 Диверзификација на фармите и развој на бизниси. Оваа мерка ќе биде застапена и во новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) година, со што се отвораат можности за нови инвестиции во повеќе приоритетни сектори, а еден од нив е и алтернативното земјоделство, кое дава можност да се направат инвестиции во рибници за производство на слатководна риба.

Конкретно за оваа инвестиција, ќе наброиме неколку примери за прифатливи трошоци, а тоа можат да бидат:

Опрема за одгледување на риби
Опрема за одгледување на рибен подмладок
Пумпи за вода,
Базени,
Резервоари за вода
Филтри
Опрема за дистрибуција на вода
Инсталација на соодветната опрема;
Достигнување на стандарди за заштита на животната средина;
Обезбедување на хигиенски и санитарни услови;
Обезбедување на административен простор;
Помошни простории (за складирање, итн);
Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели;
Обезбедување на пристап, уредување и оградување и т.н.

Слични содржини