ИОК со реакција за наредбата на Трамп за трансродови лица во спортот

од Илинка Илиоска
30 прегледи

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го коментираше указот на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на трансродовите лица да учествуваат во женски натпревари.

– Работејќи со релевантните меѓународни спортски федерации, ИОК ќе продолжи јавна дебата за различни теми, меѓу нив и за трансродовите лица, соопштија од ИОК.

Претседателот на САД, вчера потпиша извршна наредба со која им се забранува на мажите на кои им е извршена промена на полот да учествуваат во женски спортски натпревари.

Прес-секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, рече дека американската администрација очекува ИОК и Националната атлетска колеџ асоцијација (NCAA) да го поддржат законот.

Слични содржини