IPE: Хегемонизмoт на САД и Израел со поддршка на Европа го предизвика бегалскиот бран

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Безгрижността на европските влади и милитаризмот на Вашингтон беа причина за огромниот број мигранти во европските земји. Ова го тврди американскиот политиколог Пол Крег Робертс во сајтот на институтот IPE (Institute for Political Economy), цитиран од “Монитор“. 20150822.ajltndasggРазбеганитеа во Европа жители од Блискиот Исток и Северна Африка се резултат на политиката на хегемонија САД и Израел, која стана причина за загинувањето на голем број граѓански лица, смета експертот.

Робертс забележува дека приливот на емигранти во Европа е толку голем што владите на европските земји си ја префрлаат вината еден на друг и се во постојан конфликт кој колку бегалци треба да прифати. “Европските влади и нивното безгрижно население сами носат одговорност за проблемот со мигрантите. Во последните 14 години Европа го поддржуваше агресивниот милитаризам на Вашингтон, кој ги уништи животите на милиони невини луѓе. Уништувањето на цели држави како Ирак, Либија и Авганистан, а сега Сирија и Јемен, плус тековните убиства на пакистански државјани со целосното соучество на корумпираната и предавничка Влада на Пакистан го разгоре проблемот со бегалците, кој маразматиците Европејци си го создадоа сами, тврди американскиот политиколог.

Како што пишува Робертс, безгрижността стана карактеристика за западниот свет, за што земјите во Европа го добија проблемот со бегалците, кој сепак не е доволна казна на Европа за злосторствата против човечноста и поддршката на хегемонијата на Вашингтон. Експертот обрнува внимание на потврдувањето на поранешниот директор на американската Агенција на военото разузнавање, Мајкл Флин, дека администрацијата на Барак Обама претходно зборуваше за поддршка на исламистите, кои сега се дел од терористичката група “Исламска држава “.” Ако светот не се разбуди и не разбере дека центарот на општото зло се наоѓа на Запад, тоа човештвото нема иднина “, резимира авторот.