iPhone 17 Air ќе биде потенок од првично очекуваното

iPhone 17 Air ќе го надмине деценискиот рекорд што го држи iPhone 6 од 6,9 мм

од Vladimir Zorba
341 прегледи

Дизајнерскиот тим на Apple не воведе значителни иновации во последните години, но следната година може да донесе големо подобрување, но само за еден модел. Според последните извештаи, iPhone 17 Air ќе биде потенок од iPhone 6.

Според најновото истражување на Џеф Пу од Haitong Securities, iPhone 17 Air ќе биде „дебел“ само 6 mm, што ќе го прави потенок од iPhone 6, кој имаше куќиште со дебелина од 6,9 mm. Пу по овој повод изјави: „Се согласуваме со неодамнешните приказни за ултра тенок дизајн на моделот iPhone 17 Slim со дебелина од само 6 mm“.

Доколку оваа информација е точна, iPhone 17 Air ќе има дебелина на уредот што одговара на три четвртини од профилот на постоечките модели на iPhone 16. Иако тоа би било импресивен подвиг на инженерството, iPhone 17 Air ќе биде најтенкиот iPhone некогаш направен, но не и потенок од 13-инчниот OLED iPad Pro модел, кој е дебел само 5,1 mm.

Некои корисници шпекулираа дека iPhone 17 Air ќе биде потенок од 6 мм, но тоа изгледа малку веројатно поради проблеми со батериите. Сепак, достигнувањето дебелина од 6 mm претставува значителен технички напредок. Сегашните модели на iPhone 16 Pro имаат дебелина од 8,25 mm, што е малку повисоко од моделот iPhone 14 Pro со дебелина од 7,85 mm.

iPhone 17 ‘Air’ ќе биде единствениот уред во серијата со потенко куќиште и промени во дизајнот, додека останатите модели ќе го задржат истиот изглед, пишува wccftech.

И покрај алуминиумската рамка наместо титаниум, цената на iPhone 17 ‘Air’ би можела да биде повисока од моделот Pro поради иновативниот дизајн. Останува прашањето: дали Apple ќе успее да направи дизајн потенок од 6 mm?

Слични содржини