Почетокот на концептот за намалување на штети првично се појавува во 80-ите години на минатиот век. Од самите почетоци, па до сега овој концепт значително еволуирал. Во својата основа овој концепт може да се опише како стратегија насочена кон поединци или групи што има за цел да ги намали штетите поврзани со одредени однесувања.
Во центарот на работењето на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнал, при создавањето на својата иновативна тутунска алтернатива IQOS, стојат токму концептот за намалување на штети и, се разбира, науката. IQOS уредите, кои се веќе добро познати во јавноста и воедно достапни на македонскиот пазар, претставуваат софистицирани електронски уреди наменети за загревање на тутунот (THS – tobacco heating system). Овие уреди за прв пат се појавија на пазарите во Италија и Јапонија во 2014-та година. Подоцна постепено се воведуваа на останатите пазари ширум светот што во моментов се околу 60 на број. Вкупниот број на пушачи кои избрале подобра алтернатива и ги замениле обичните, согорливи цигари со IQOS уредите се 11.7 милиони.
На 7-ми јули минатата година Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA) го одобри пласманот на „IQOS Tobacco Heating System“ на Philip Morris Products S.A., како производ кој содржи тутун, со модифициран ризик (MRTP). Ова го означува вториот пакет производи некогаш овластен како MRTP и првите производи од тутун кои добиваат одобрување за „намалена изложеност“, што дозволува продажба на производите како производ со намалено ниво или намалена изложеност на супстанци или како ослободени од одредени супстанци, при што се очекува издавањето на одобрувањето да има корист за здравјето на населението. Според Агенцијата за храна и лекови на САД, од приложените обемни докази во процесот на добивање на споменатото одобрување, може да се заклучи дека системот IQOS го загрева тутунот, но не го гори, ова значително го намалува производството на штетни и потенцијално штетни хемикалии. Научните студии покажаа дека целосното префрлување од обичните, согорливи цигари на системот IQOS значително ја намалува изложеноста на вашето тело на штетни или потенцијално штетни супстанци.
Неодамна, генералниот директор на Филип Морис ТКП Михаел Солтер во својот авторски текст за престижниот британски неделник „Економист“, „Светот во 2021-та“ напиша: „Многу пушачи што не се откажуваат од уживањето во тутунот и ритуалот, решија да направат нешто за себе и да ја искористат понудената подобра алтернатива. А токму тоа е IQOS, за кој научно е докажано дека е подобра алтернатива од пушењето бидејќи главен причинител на болестите врзани со пушењето не е никотинот, туку горењето на тутунот и чадот, кој содржи штетни и потенцијално штетни супстанции. Во светот има над една милијарда пушачи и тие треба да бидат охрабрени да се откажат од цигарите. Но, за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, обезбедуваме алтернативи без чад, кои се развиени врз база на научни докази.“