256
Ирак денеска соопшти дека се заканил дека ќе ги прекине дипломатските односи со Шведска, доколку Куранот повторно биде запален во таа земја.
Ирачката влада преку дипломатски канали ја известила владата на Шведска дека секое повторување на инцидентот, во кој Куранот е запален на шведско тло, ќе бара прекин на дипломатските односи, се вели во соопштението на ирачката влада, пренесе „Ројтерс“.
Владата наведува и дека Ирак го смета нападот врз шведската амбасада во Багдад за нарушување на безбедноста што мора веднаш да се реши.