149
Кабинетот на ирачкиот премиер денес соопшти дека претставниците на Ирак и Иран потпишале договор за координирана заштита на заедничката граница на двете земји и „консолидација на соработката во некои области на безбедноста“.
Со овој договор, Багдад се обврза да не дозволи вооружените групи да ја користат територијата на курдскиот дел на Ирак за напади врз Иран, изјави припадник на ирачката безбедносна служба кој присуствуваше на потпишувањето, пренесе Ројтерс.
Договорот го потпишаа ирачкиот советник за национална безбедност Касим ал Араџи и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран Али Шамхани, во присуство на ирачкиот премиер Мухамед ал Судани, се додава во соопштението.