Ирачки и курдски вооружени сили со бројност од 20 до 25 илјади луѓе се подготвуваат да ја вратат контролата врз градот Мосул, заземен од џихадистите од “Исламска држава”. Офанзивата најверојатно ќе се случи во април или мај, соопшти пред новинарите во Пентагон претставник на американската Централна команда , цитиран од Ројтерс и ТАСС.
Според податоците на командата која е одговорна за Блискиот Исток и Централна Азија и ја спроведува операцијата против “Исламска држава” во Ирак и Сирија, во реонот на Мосул сега има помеѓу 1000 и 2000 џихадисти од ИД.
Генералот рече дека пет бригади од ирачката армија наскоро ќе бидат обучени во Ирак од коалицијата во подготовка на мисијата. Тие ќе се јадрото на борбените сили, но освен нив ќе има три помали единици, кои ќе служат за резерва, како и три бригади од курдските сили Пешмерга, забележуваат американските медиуми.
Во мисијата ќе се вклучат и сили од Мосул, составени од поранешни полицајци од градот и од племенски борци. Тие ќе треба да имаат подготвеност да влезат во Мосул, откако армијата го прочисти од џихадисти. Во офанзивата ќе учествува бригада од ирачките сили за борба против тероризмот, обучени од американски единици за специјални операции.
САД ќе ја помогнат операцијата со обука, воздушна поддршка, разузнавање и надзор. Засега не е одлучено дали ќе е потребно на местото да се испратат мал број американски воени советници кои ќе ги координираат воздушните напади по позиции на џихадисти од авиони на сојузнички земји.
Засега ја планираме мисијата за април-мај, но претстои многу нешта да се утврдат. Потоа доаѓаат Рамазан, летните горештини и ќе е проблематично ако офанзивата започне подоцна. Ако Ирачаните не се подготвени, сепак, ако не постојат потребните услови, ако потребната опрема не е физички на место во овие рокови, ќе ја овековечиме подготвителната фаза, објасни генералот , кој побарал анонимност, бидејќи не е овластен јавно да дискутира за операцијата.
Канадските ВВС уништија на 13 февруари фабрика за оружје на џихадистите од “Исламска држава” во Ирак, соопшти канадското Министерството за одбрана .
