Иран доби покана за повторно започнување на преговорите за нуклеарната програма

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Иран преку Катар добил пораки од земјите вклучени во преговорите за нуклеарното прашање, изјави денеска шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир-Абдолахиан.

„Денеска добивме пораки од други страни вклучени во преговорите за нуклеарниот договор. Пораките ги добивме преку министерот за надворешни работи на Катар“, рече Амир-Абдолахиан по средбата со неговиот катарски колега Мохамед бин Абдерахман Ал Тани.

Иранскиот министер не даде никакви детали за содржината на пораките, но ги поздрави напорите на Катар за повторно започнување на нуклеарните преговори кои беа прекинати неколку месеци.

Иран и големите сили започнаа разговори во април 2021 година во Виена, со цел да се оживее договорот од 2015 година за иранската нуклеарна програма по едностраното повлекување на САД во 2018 година. Сепак, тие преговори не доведоа до напредок.

Слични содржини