Иран егзекутира тројца мажи поврзани со протестите: „Тие војуваа против Бога“

од Stefanija Kuzmanovska

Иран егзекутира тројца мажи осудени на смрт поради нивната вмешаност во смртта на полицајци за време на протестите предизвикани од смртта на Махса Амини минатата година, соопштија судските власти.

Тројца мажи беа прогласени за виновни и осудени на смрт поради „војна против Бога“ и поседување оружје за време на демонстрациите во градот Исфахан, се наведува на веб-страницата на новинската агенција на судската власт „Мизан онлајн“.

Тие беа уапсени во ноември минатата година, а осудени на смрт во јануари.

Иран е потресен од протестно движење по смртта на иранската Курдка Махса Амини на 16 септември 2022 година, која почина три дена откако беше уапсена од полицијата која ја обвини за кршење на строгите правила за облекување наметнати на жените.

Иран има егзекутирани повеќе осуденици од која било земја со исклучок на Кина, објави неодамна „Амнести интернешнал“.

Слични содржини