На ниво на заменици министри, в петок одново ќе започнат преговорите за нуклеарната програма на Техеран, помеѓу Иран и „евротројката“ (Е3), одновно Франција, Германија и Велика Британија, соопшти портпаролот на иранското министерство за надворешни работи.
Весна за продолжување на преговорите во Истанбул уследи по предупредувањата од Европа дека ако нема преговори, во август ќе бидат вратени меѓународните санкции против иранските власти и иранското стопанство.
На состанокот ќе присуствува и Каја Калас, еврокомесарката за надворешни работи и безбедност.
Другите страни во мултипартитниот договор за ограничување на иранската нуклеарна програма од 2015 година се Русија и Кина. САД во првиот мандат на Доналд Трамп се повлече од договорот во 2018 година.
На 13 јуни Израел изврши неочекуван напад врз Иран, во кој беа убиени високи воени лица и научници поврзани со нуклеарниот сектор. САД, поддржувајќи го сојузникот Израел, на 21 кон 22 јуни изведоа воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти.
Преговорите беа прекинати по тие напади, кои беа наредени од американскиот претседател Доналд Трамп. Последната средба меѓу Иран и европската тројка се одржа на 21 јуни во Женева, неколку часа пред американските бомбардирања.