Иран остварил тест на балистичка ракета со среден дострел и со тоа прекршил две резолуции на Советот за безбедност на ОН. Тоа го изнеле претставници на американските власти за Reuters во понеделникот.
Изворите посакуваат да останат анонимни. Според зборовите тестот бил целосно на територијата на земјата и е извршен на 21 ноември во близина на Чабахар – пристанишен град кој се наоѓа во близина на границата на Иран со Пакистан. Ракетата е со дострел 1900 километри и може да носи нуклеарна боева глава, тврдат тие.
Сите тестови на балистички ракети во Иран се забранети според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2010 година, а забраната важи до постигнување на договор меѓу Иран и шестте преговарачи-држави по нуклеарното прашање.
САД водат шизофрена надворешна политика
Според овој договор, постигнат на 14 јули 2015 година, повеќето санкции против Иран ќе бидат отстранети во замена за ветување на земјата да престане да развива програма за нуклеарно оружје. Според резолуцијата Иран треба да се воздржи од развојот на слични оружја во следните осум години.
Во октомври САД, Велика Британија, Франција и Германија го повикаа Комитетот за санкции на Советот за безбедност да преземе акција поради ракетната проба на Иран претходно истиот месец. Досега не се преземени дејствија од страна на комисијата.
Вчера неколку дипломати од Советот за безбедност изјавиле дека не добиле какво и да е официјално известување за ново наводно прекршување на санкциите на ОН против Иран, дополнува Reuters.
Договорот од јули беше постигнат по години на преговори. Тој предвидува ограничување на иранската нуклеарна активност во замена за укинување на меѓународните економски санкции. Првите разговори меѓу Техеран во форматаот P5 + 1 (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина, плус Германија) започнаа во 2006 година, целта беше да се ограничи спорната иранска нуклеарна програма, па да се осигура дека земјата нема да се здобие со атомска бомба. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е со мирновременски цели.
Потсетуваме дека пред неколку недели Русија ја укина забраната руски фирми да испорачуваат нуклеарна опрема на Иран.
