233
Иран денеска отстрани две надзорни камери на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) од еден од своите нуклеарни постројки и со тоа ги зголеми тензиите со агенцијата за надзор на Обединетите нации, пренесе „Ројтерс“.
„Досега, ИАЕА не само што беше неблагодарна за нашата широка соработка, туку го сметаше тоа и за должност на Иран. Властите наредија да се исклучат онлајн надзорните камери насочени кон збогатување ураниум (ОЛЕМ) од денеска“, соопшти иранската државна телевизија.