Иран испратил известување до САД дека ќе ја нападнат нивната база Ал Удеид во Катар, потврдија американските претставници за Ројтерс. Како што претходно објави Њујорк Тајмс, Иран претходно го информираше Катар дека ќе започне напад врз американската база лоцирана на негова територија.
Овој напад беше претежно запрен од катарската воздушна одбрана, која подоцна издаде порака дека го „осудува“ потегот на владата во Техеран.
„Катарските вооружени сили секогаш се целосно подготвени да одговорат на секоја закана. Министерството за одбрана, исто така, им советува на граѓаните и жителите да ги следат официјалните извори за упатства и најнови информации“, соопшти Катар.
Тие, исто така, додадоа дека „го задржуваат правото директно да одговорат“ и додадоа дека можат да го сторат тоа „на начин што е пропорционален на природата и обемот на оваа дрска агресија, во согласност со меѓународното право“.
„Исто така, нагласуваме дека продолжувањето на ваквите ескалирачки воени дејствија ќе ја поткопа безбедноста и стабилноста во регионот, вовлекувајќи го во ситуации што би можеле да имаат катастрофални последици за меѓународниот мир и безбедност“, изјавија тие.
Од друга страна, Пентагон потврди дека базата Ал Удеид била нападната со балистички ракети со краток и среден дострел лансирани од Иран.
Официјалниот претставник на одбраната истакна дека досега нема извештаи за американски жртви во нападот.
Тој исто така рече дека претставниците на одбраната сè уште ја следат ситуацијата и ќе „обезбедат повеќе информации штом ќе станат достапни“.