Иран ја укина забраната за WhatsApp и Google Play

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Иран ја укина забраната за платформите WhatsApp и Google Play, објавија државните медиуми на земјата.

– Постигнато е позитивно мнозинство за укинување на ограничувањата за пристап до некои популарни странски платформи, како на пр. WhatsApp и Google Play – објави иранската официјална новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на заклучоците од состанокот со кој претседаваше шефот на државата – Масуд Пезешкијан.

Иранскиот министер за информации и комуникации, Сатар Хашеми, рече дека овој потег е „првиот чекор во укинување на ограничувањата на интернетот“.

Властите во Техеран строго го контролираат пристапот до Интернет, а американските платформи како Facebook, X и YouTube се блокирани во Иран, но технолошки поткованите граѓани на земјата немаат проблем да ги заобиколат забраните користејќи виртуелни приватни мрежи (ВПН), пишува Ројтерс.

Демонстрантите во Иран кои протестираа против властите во Техеран во последните години масовно ги користеа платформите и социјалните мрежи, потсетува британската агенција.

Слични содржини