Иран: Ќе им одговориме пресметано и одлучно на убијците на научникот

од Stefanija Kuzmanovska

Иран ќе даде „пресметан и одлучен одговор“ поради убиството на својот најдобар нуклеарен научник Мохсен Фехризад, изјави советникот на Врховниот водач, Али Хамнеи.

Некои весници во Техеран денес соопштија дека иранската одмазда „треба да вклучува напад врз израелскиот град Хаифа“.

„Без сомнение, Иран ќе одговори на криминалците кои му го одзедоа животот на Мохсен Фахризад“, рече Камал Харази, кој е и шеф на стратешкиот совет во Министерството за надворешни работи, објави Ројтерс.

Фахризад, кого западните земји и Израел го нарекоа шеф на програмата за нуклеарно оружје во Иран, беше убиен во заседа во предградијата на Техеран во петокот.

Слични содржини