Иран: Ќе се одмаздиме за нападот врз нуклеарната централа

од Nikola Popovski
338 прегледи

Иранските власти го обвинија Израел за инцидентот во подземната нуклеарна централа Нетанц и најавуваат одмазда, објави денеска иранската државна телевизија, пренесувајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф.

Вчерашниот инцидент во нуклеарната централа Нетанц, официјален Техеран го опиша како акт на „нуклеарен тероризам“ и објави дека го задржува правото да преземе соодветни мерки против сторителите.

„Ционистите сакаат да ни се одмаздат за напредокот што го правиме во укинувањето на санкциите. Тие јавно изјавија дека нема да ни го дозволат тоа. Но, ние ќе им се одмаздиме на ционистите”, објавил Зариф, пренесува Ројтерс.

Овој пат, израелските власти не го забранија медиумското известување за овој случај, како што беше пракса во претходните, слични ситуации.

Напротив, израелските медиуми во голем број известуваа за инцидентот во Нетанја, а израелскиот јавен радио сервис направи невообичаен чекор понатаму и објави дека израелскиот Мосад „игра централна улога“.

Да потсетиме, инцидент со мрежата за снабдување со електрична енергија се случи во неделата во иранската подземна нуклеарна централа Нетанц, само еден ден откако Техеран започна нови, подобрени центрифуги за збогатување со ураниум.

Минатата година избувна пожар во оваа централа, што иранските власти го опишаа како обид за саботажа на иранската нуклеарна програма, објави Ројтерс.

Слични содржини