Иран, Кина и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Иран, Кина и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби пред крајот на март, најави командантот на иранската морнарица, контраадмирал Шахрам Ирани.

„Ги покануваме другите земји да учествуваат во поморските вежби на Иран, Кина и Русија, кои ќе се одржат пред крајот на март“, навел Ирани.

Тој додава дека претстојната вежба на трите земји има за цел да обезбеди регионална безбедност, пренесува ТАСС, повикувајќи се на агенцијата Тасним.

Минатата година во март Русија, Кина и Иран спроведоа трилатерални вежби наречени „Поморски безбедносен појас 2023“ во Арапското Море, во близина на иранското пристаниште Чабахар.

Слични содржини