Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Насер Канани Чафи денеска изјави дека соработката на Иран со Русија се заснова на заеднички интереси и не е насочена против трети земји.
Тој посочи дека тврдењата дека Иран произведува беспилотни летала во Русија и дека Москва купува ракети од Техеран се „политички мотивирани и направени од земји кои постојано обезбедуваат оружје на една од страните во конфликтот, со што придонесуваат за неговото продолжување“, пренесе агенцијата ТАШ.
„Иран постојано го изразуваше својот став. Ние не сме страна во конфликтот во Украина и веруваме дека дипломатското решение е начин да се стави крај. Ние постојано нагласувавме дека не испративме оружје на ниту една страна“, наведе портпаролот на иранското Министерство.