Иран негира дека со Русија гради фабрика за дронови

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Техеран ги отфрла наводите дека Иран и Русија заеднички градат фабрика за дронови, изјави денеска портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Насер Канани.

„Извозниците на оружје се обидуваат да ги оправдаат своите еднострани потези и погрешни пресметки во планирањето на војната со објавување лажни вести“, рече Канани, пренесе Тасс.

„Тоа се лажни вести, земјите кои се најголеми снабдувачи со оружје и опрема на една од страните во конфликтот сакаат да ја доведат во заблуда светската јавност со ширење лажни вести. Иран не зазема страна во конфликтот во Украина, ниту има намера да го стори тоа. Иран има за цел да промовира политичко решение“, рече шефот на иранската дипломатија.

Слични содржини